Лукоил / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Рускиот гигант „Лукоил“ сè уште чека рок за продажба на имотот

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за преговарање за продажба на средствата на руската нафтена компанија Лукол до 25 јули.

-Овластувањето важи до 12:01 часот по источно американско време на 25 јули 2026 година, под услов извршувањето на каков било таков договор да биде изрично условено со добивање на посебно одобрение од Канцеларијата за контрола на странски средства- се наведува во документот на OFAC.

Претходната лиценца важи до 27 јуни. Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз Лукоил како дел од притисокот врз Москва да се согласи на мировни преговори за Украина. Според извештаите од 2024 година, средствата на Лукоил вредат околу 22 милијарди долари.

Листата за купување на Лукоил се проширува, меѓу заинтересираните купувачи и американски компании

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот