Холандија/OnsOranje

ВИДЕО | Jaпонија со реми закажа дуел со Бразил, Холандија лесно до првото место

Јапонија обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство, откако одигра 1:1 против Шведска во последното коло од групната фаза во Групата Ф. Со освоени пет бода, Јапонците го завршија натпреварувањето на второто место, зад Холандија и во осминафиналето ќе се соочат со петкратниот светски шампион Бразил во Хјустон.

Првото полувреме помина во претпазлива игра на двете селекции, без поголеми возбудувања пред двата гола. Најблиску до погодок беше Кеито Накамура, чиј удар по додавањето на Даизен Маеда го одбрани шведскиот голман Јакоб Зетерстром.

Јапонија поведе во 56. минута, кога Маеда одлично го искористи прецизното додавање на Рицу Доан и ја затресе мрежата за 1:0. Но, Швеѓаните брзо возвратија. Само неколку минути подоцна, Ентони Еланга со силен удар од далечина го совлада јапонскиот чувар на мрежата Зион Сузуки и ги постави конечните 1:1.

Вистинска драма се случуваше во самиот финиш од натпреварот. Александер Исак имаше одлична можност да ѝ донесе победа на Шведска, но Сузуки со извонредна интервенција со врвовите на прстите успеа да ја пренасочи топката, која потоа заврши во пречката.

Со освоени четири бода и гол-разлика 7:7, Шведска натпреварувањето во групата го заврши како една од најдобрите третопласирани репрезентации и обезбеди место во нокаут фазата, а таму Швеѓаните би можеле да се сретнат со Германија, Франција, Норвешка, Мексико или Швајцарија.

Дополнителен проблем за Шведска претставува повредата на Исак Хиен, кој мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме поради повреда на тетивата на коленото.

Јапонија сега ја очекува голем предизвик против Бразил во битката за четвртфинале, додека Шведска ќе го продолжи својот настап во елиминациската фаза на Мундијалот.

Холанѓаните ја остварија втората победа на Мундијалот, рутински ја совладаа селекцијата на Тунис која ги загуби сите мечеви на овој турнир. Не поминаа ни осум минути, а Холандија веќе водеше со 2-0. Во третата минута Шири си постигна автогол, а четири минути подоцна Броби го зголеми водството за лалињата.

Немаше нов гол до 54. минута кога Мастури погоди и намали на 2-1, но брзо потоа, во 62. минута Ван Хеке ги постави конечните 3-1.

ВИДЕО | Tурција ја победи Америка и се прости од Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот