Манчестер Сити Фото: EPA/TIM KEETON

Манчестер сити договори ново засилување, ќе плати 150 милиони евра

Најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо објави дека трансферот на Елиот Андерсон во Манчестер сити е целосно договорен.

Веста доаѓа во екот на Светското првенство, каде што Андерсон настапува за репрезентацијата на Англија и се наметна како стандарден првотимец во составот на „Гордиот Албион“.

Андерсон блескаше во дресот на Нотингем форест во изминатата сезона, со што го заслужи и повикот од селекторот Томас Тухел, а сега следува и најголемиот трансфер во неговата кариера. Според Романо, Манчестер сити ќе му плати на Нотингем отштета која, заедно со бонусите, може да достигне дури 150 милиони евра.

Со тоа, англискиот шампион ќе го урне сопствениот рекорд за најскап влезен трансфер. Досега рекордот го држеше Џек Грилиш, за кого Сити во 2021 година ѝ плати на Астон вила 117,5 милиони евра.

Дваесет и тригодишниот Андерсон е производ на академијата на Њукасл, од каде што во 2024 година за 41 милион евра се пресели во Нотингем. Со овој трансфер, поранешниот европски шампион значително ќе ја зголеми својата клупска каса. Во дресот на англиската репрезентација досега има забележано 11 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот