Легендарниот Миура не се откажува, ќе игра фудбал и на 60 години
Јапонската фудбалска легенда Козујоши Миура ќе го дочека својот 60. роденден како активен професионален фудбалер, откако го продолжи договорот со третолигашот Фукушима јунајтед до јуни 2027 година.
Препорачано
За популарниот „Крал Казу“ ова ќе биде неверојатна 42. сезона во професионалниот фудбал.
„Одлучив да ја продолжам мојата авантура во Фукушима јунајтед. Ќе продолжам да работам со иста страст и посветеност, да давам максимум на секој тренинг и да му помогнам на клубот во борбата за пласман во Втората лига“, порача искусниот фудбалер.
Последниот натпревар Миура го одигра претходно овој месец на возраст од 59 години, три месеци и 12 дена, дополнително зацврстувајќи го сопствениот рекорд како најстар активен професионален фудбалер во светот.
Неговата професионална кариера започна во 1986 година во бразилскиот Сантос. Во Бразил пристигна уште како 15-годишник, решен да го оствари својот сон и да стане професионален фудбалер.
Во дресот на јапонската репрезентација Миура одигра 89 натпревари и постигна 55 голови, но и покрај блескавата кариера никогаш не доби можност да настапи на Светско првенство.
Во недела можеме да бидеме сведоци на најголемиот мундијалски срам во историјата
Жаирзињо, Ромарио, Роналдо, Ривалдо, и сега Винисиус во 2026 – дали историјата се повторува?


