Фото/ Darryl Dyck / Zuma Press / Profimedia

ФИФА го суспендираше Катарецот кој му ја скрши ногата на Коне

Катарскиот репрезентативец Асим Мадибо доби суспензија од пет натпревари поради грубиот старт со кој му ја скрши ногата на канадскиот фудбалер Исмаел Коне на Светското првенство.

29-годишниот играч за врска беше исклучен на натпреварот против Канада, кој Катар го загуби убедливо со 6-0, а дисциплинската комисија на ФИФА дополнително го санкционираше поради, како што е наведено, „сериозен прекршок“. Мадибо има право на жалба на донесената одлука.

Последиците од стартот беа сериозни за 24-годишниот Коне, кој се здоби со скршеници на тибијата и фибулата на левата нога. Поради тешката повреда, за канадскиот репрезентативец Светското првенство е завршено и според најавите го чека пауза од околу шест месеци.

Во меѓувреме, Катар го заврши својот настап на Мундијалот. Во директната пресметка за третото место во групата и можен пласман во нокаут-фазата, катарската селекција беше поразена од Босна и Херцеговина со 3-1.

Босанците поведоа во 29. минута преку Керим Алајбеговиќ, а само пет минути подоцна Султан Ал-Браке ја затресе сопствената мрежа за водство од 2-0. Хасан Алхајдос намали на 2-1 пред паузата, но Ермин Махмиќ во 80. минута ги постави конечните 3-1 и ги потврди трите бода за Босна и Херцеговина.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Страшната повреда на Коне го засени триумфот на Канада

Канада ќе стане првиот домаќин на еден Мундијал кој нема да игра на свој терен

Во недела можеме да бидеме сведоци на најголемиот мундијалски срам во историјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот