Нејмар во само 15 минути покажа колку може да биде важен за Бразил
По речиси тригодишно отсуство од националниот тим, Нејмар повторно го облече дресот на Бразил и веднаш покажа дека сè уште може да биде еден од клучните адути на „селесао“.
Препорачано
Бразилската ѕвезда долго време беше надвор од репрезентативниот состав поради тешката повреда на коленото која ја заработи во октомври 2023 година, кога ги скина предните вкрстени лигаменти. По долгата рехабилитација, но и послабата форма по враќањето селекторот Карло Анчелоти реши повторно да му укаже доверба, верувајќи дека неговото искуство и квалитет можат да бидат од голема корист за тимот.
Нејмар против Шкотска доби шанса во последните 15 минути од натпреварот, но и тоа кратко време беше доволно за да остави впечаток. Дали ќе добие позначајна улога во нокаут-фазата останува да се види, но неговиот настап веќе привлече внимание.
3 – After coming on in the 76th minute, 🇧🇷 Neymar created three chances against Scotland.
It was the most chances created in a FIFA World Cup game by a player subbed on that late into the game since 🇧🇷 Ricardinho against Ghana in 2006 (83rd minute, 4 chances).
Samba. pic.twitter.com/owhy4t9oyY
— OptaJoe (@OptaJoe) June 25, 2026
Според статистиката на „Опта“, искусниот офанзивец за само 15 минути на теренот создаде три големи шанси за погодок, подвиг што не му успеал на ниту еден фудбалер кој влегол од клупата на Светските првенства уште од 2006 година. Последен кој стигнал до таков учинок бил Рикардињо во натпреварот меѓу Бразил и Гана.
Иако низ кариерата често беше мета на критики дека премногу театрално реагира при прекршоците, бројките покажуваат поинаква слика. Нејмар е еден од најфаулираните играчи на големите натпреварувања и редовно е цел на грубите стартови на противниците.
Од неговото прво учество на Светско првенство во 2014 година, ниту еден фудбалер не бил почесто соборуван од противничките играчи. Бразилецот досега претрпел 61 прекршок на Мундијалите, а поради стартовите врз него ривалите заработиле вкупно 13 жолти и црвени картони.
Жаирзињо, Ромарио, Роналдо, Ривалдо, и сега Винисиус во 2026 – дали историјата се повторува?


