Фото: EPA-EFE/ANDRE BORGES

Жаирзињо, Ромарио, Роналдо, Ривалдо, и сега Винисиус во 2026 – дали историјата се повторува?

Бразил три пати до ова Светско фудбалско првенство имаше играч кој беше стрелец секој од трите натпревари по групи – и секогаш на крајот беше шампион. Сега, Винисиус Жуниор постигна таков подвиг и покажува дека е најдобар кога е тука Карло Анчелоти.

Пет ѕвездички го красат грбот на Бразил како единствен тим што толку многу пати владеел со светот, а последните три дојдоа кога оваа јужноамериканска селекција го имаше истиот стрелец низ три натпревари од групната фаза на Светското првенство.

Жаирзињо во 1970 година, Ромарио во 1994 година, Роналдо и Ривалдо во 2002 година беа на некој начин најава дека Бразил ќе биде светски шампион во тие години. Освен нив, единствениот што постигна таков подвиг е Винисиус Жуниор на ова Светско првенство.

За многу Бразилци, тоа е вистински знак дека великанот од Јужна Америка би можел повторно да стигне до Златната Божица. И соиграчите на Винисиус веруваат во тоа.

– Јасно е дека напредуваме и дека даваме сѐ од себе за да ја постигнеме нашата цел – да ја освоиме шестата титула – рече Матеус Куња.

По еден гол против Мароко и Хаити и два во мрежата против Шкотска – настапот на Винисиус во групната фаза е уште еден доказ дека бразилскиот репрезентативец е најдобар во светот кога е тренер Карло Анчелоти.

Ова се покажа и на натпреварот против Шкотска, каде што асот на Реал Мадрид имаше најмногу допири на топката во противничкиот шеснаесетник (13), најмногу добиени дуели (9), шутеви (8), шутеви кон голот (5)…

– Сега доаѓа најдобриот дел… Имаше многу позитивни работи, не примивме гол, а враќањето на Нејмар е важно и може многу да ни помогне – нагласи Винисиус.

„Седумката“ на Бразил најави и супер интересна трка за најдобар стрелец на Светското првенство – пред него е Лионел Меси со пет гола, додека Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд имаат по четири.

Во 1970 година, Жаирзињо постигна гол против Чехословачка, Англија и Романија, а Бразил подоцна ја победи Италија во финалето на (4:1) кога Жаирзињо исто беше стрелец.

Што се однесува до Ромарио, негови „жртви“ беа Русија, Камерун и Шведска, а Бразил повторно беше подобар од Италија во финалето во 1994 година во Лос Анџелес.

Роналдо и Ривалдо блескаа против Турција, Кина и Костарика, а во 2002 година стигнаа до последната титула досега преку Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот