Ненад Димитријевиќ/Фото: Александр Павлов (БК "Зенит")

Ненад Димитријевиќ официјално го напушти Зенит

Рускиот кошаркарски клуб Зенит денеска објави дека го раскина договорот со македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Според условите на договорот, клубот ќе добие финансиска компензација.

Нашиот плејмејкер се приклучи на тимот од Санкт Петербург во летото 2025 година. Во текот на првата половина од сезоната 2025/26, Димитријевиќ настапи во 10 натпревари од ВТБ лигата, со просек од 11,5 поени, 5,7 асистенции, 2,9 скока и 0,5 украдени топки по натпревар.

Во WINLINE Basket Cup, тој одигра три натпревари, со просек од 6,3 поени, 3,0 асистенции, 2,0 скока и 0,7 украдени топки.

Во јануари 2026 година, Нено се приклучи на Баерн Минхен како позајмен играч, каде што ја заврши сезоната натпреварувајќи се и во германската лига и во Евролигата.

Според најавите, се очекува од следната сезона Димитријевиќ да ги брани боите на грчкиот клуб Арис предводен од тренерот Василис Спанулис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот