Спанулис го носи Димитријевиќ во Арис
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ е на чекор до нов трансфер во кариерата, а според грчките медиуми, негова следна дестинација би можело да биде солунски Арис.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што пишуваат грчките медиуми, преговорите меѓу Димитријевиќ и Арис се во завршна фаза.
Македонскиот плејмејкер кој настапува за екипата на Баерн зад себе има солидна сезона во Евролигата и германското првенство, каде што во моментов е фокусиран на финалната серија во Бундеслигата.
Се очекува по завршувањето на сезоната во Германија, македонскиот репрезентативец официјално да ја потврди соработката со Арис.
Дополнителен мотив за трансферот е можноста да работи со легендарниот Василис Спанулис, кој неодамна ја презеде тренерската функција во грчкиот клуб по ангажманот во Монако, со кој стигна до финалето на Евролигата.
Арис има амбициозни планови за следната сезона во Еврокупот, а Димитријевиќ е означен како едно од клучните засилувања во проектот на солунскиот тим.
Мотиејунас: Слушнавме дека НБА Европа ќе биде одлична, но ние сме тука 26 години
Триумф на Баерн, Димитријевиќ блескаше за чекор кон финалето во Бундеслигата
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
21мин
-
21мин
-
22мин
-
26мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


