Фото: FC Bayern Basketball

Триумф на Баерн, Димитријевиќ блескаше за чекор кон финалето во Бундеслигата

Првите два натпревари од полуфиналната серија во најсилното германско кошаркарско првенство беа одиграни во саботата.

Баерн го победи Бон со 83:78 на домашен терен, актуелниот германски шампион поведе со 1:0 во серијата, која се игра до три победи.

Најефикасни играчи во редовите на Баерн беа крилниот центар Оскар да Силва со 13 поени и пет скока и бековите Андреас Обст и Ксавиер Ратан-Мес со по 11 поени.

Значаен придонес имаше и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој имаше одличен настап. Нашиот плејмејкер за 23:23 минути на паркетот запиша 10 поени, со само едно промашување и дури 14 асистенции – без изгубена топка.

Алба има предност во втората полуфинална серија, откако во Берлин го победи Бамберг со 105:86.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот