Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Мотиејунас: Слушнавме дека НБА Европа ќе биде одлична, но ние сме тука 26 години

Европската клупска кошарка е на раскрсница. Евролигата моментално го држи приматот како најзначајно натпреварување кое ги собира најдобрите тимови на „Стариот континент“, но тоа веројатно нема да биде случај наскоро, бидејќи НБА лигата се подготвува да „пристигне“ во Европа и да формира ново натпреварување од 2027 година – НБА Европа.

Сепак, извршниот директор на Евролигата, Паулиус Мотиејунас, не е загрижен поради НБА. Тој нагласува колку долго постои Евролигата и како ова е нејзината голема предност во однос на НБА Европа.

– Досега слушнавме само план или огномет за тоа колку сè ќе биде одлично и колку потенцијал има. Но, едно е теорија, а друго е дека всушност функционира. Тука сме 26 години. Знаеме како функционира Европа – вели извршниот директор.

Позитивен сигнал за Евролигата е и неодамнешното потпишување на десетгодишен договор со Барселона.

– Секако, тоа е голема работа. Барселона е исклучително важен бренд и ни е мило што се обврзаа – се зборовите на Литванецот.

Мотијејунас се надева дека најдобрите клубови ќе останат лојални на Евролигата. Сепак, постои можност долгорочните договори со Евролигата да бидат раскинати за надомест од 10.000.000 евра.

– НБА објавува и објавува нешто веќе една година, но сè уште нема ништо конкретно. Како деловни луѓе, сопствениците на клубовите почнуваат да сфаќаат дека приказната „ќе објавиме подоцна“ постојано се повторува. А 2027 година е практично пред врата. Договорите можат да бидат раскинати, но ова подразбира одредени правни чекори. Исто така, нема клаузула за напуштање на НБА во постојните договори – рече Мотиејунас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот