Возиња ќе има нов клуб по завршување на Мундијалот
Еден од најпријатните изненадувања на Светското првенство, голманот на Зеленортските Острови, Возиња ќе има нов клуб по завршувањето на најголемиот фудбалски турнир.
Препорачано
Четириесетгодишниот чувар на мрежата го привлече вниманието на светската јавност со одличните настапи на Мундијалот, особено во ремито без голови против европскиот шампион Шпанија, а потоа и во дуелот со Уругвај кој заврши 2-2.
Во разговор за бразилските медиуми, Возиња потврди дека моментно е слободен агент и дека е подготвен за нов предизвик.
„Договорот со Чавес ми истече и во моментов немам клуб. Отворен сум за сите опции, ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави искусниот голман.
Неговите одбрани на Светското првенство му донесоа огромна популарност, особено во Бразил, каде преку поддршка од познатиот инфлуенсер Казимиро Мигел бројот на негови следбеници на социјалните мрежи експлодираше за само неколку дена.
Возиња не ја исклучува можноста кариерата да ја продолжи токму во Бразил.
„Тоа би било одлично. Ќе видиме што ќе се случи“, кратко одговори голманот.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Процветаа лилјаните во САД, Очоа се израмни со Роналдо
Сепак, неговиот главен фокус останува настапот со Зеленортските Острови на Светското првенство. Дебитантот на Мундијалот е блиску до историски успех, а победа против Саудиска Арабија во последното коло би значела пласман во осминафиналето.
„Сонот на сите нас е да се пласираме во следната рунда. Веќе е голем успех што сме тука, а ако минеме понатаму тоа би било нешто навистина посебно“, порача Возиња.
На крајот откри и кои биле неговите идоли во младоста – легендарните голмани Мишел Прудом, Едвин ван дер Сар и Џанлуиџи Буфон.
Кој е Возиња, херојот на Зеленортски Острови? Ветеран од 40 години блескаше против Шпанија


