Тијаго Силва/ EPA/ANDRE COELHO

Тијаго Силва ќе игра фудбал и на 42 години

Иако во септември ќе наполни 42 години, легендарниот бразилски стопер Тијаго Силва сè уште не размислува за пензија. Искусниот дефанзивец го продолжи договорот со Флуминенсе до крајот на 2026 година, потврдувајќи дека и понатаму ќе биде активен на фудбалските терени.

Се очекуваше дека по завршувањето на сезоната ќе стави крај на богатата кариера, но Силва одлучи да продолжи во клубот каде што се афирмираше и од каде што го трасираше патот кон бразилската репрезентација.

Во својата блескава кариера настапуваше за европските гиганти Милан, Пари Сен Жермен и Челси, а за националниот тим на Бразил запиша 113 настапи до 2022 година.

Неговото останување во Флуминенсе претставува уште една потврда за посветеноста и долговечноста на еден од најдобрите дефанзивци на својата генерација, кој и во петтата деценија од животот не покажува знаци дека е подготвен да се раздели од фудбалот.

ВИДЕО | Tурција ја победи Америка и се прости од Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот