АД МЕПСО: Ги прифаќаме забелешките од ревизијата, веќе ги исправаме наследените слабости

По објавување на ревизорскиот извештај за АД МЕПСО од компанијата соопшти дека целосно ги прифаќа наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија и веќе презема мерки за отстранување на утврдените слабости. Од компанијата велат дека најголем дел од проблемите се наследени од претходните раководства и се поврзани со имотно-правни прашања, инвестиции, вработувања и сајбер-безбедност.

МЕПСО информира дека работи на регулирање на сопственоста на трафостаниците и електропреносната инфраструктура, активирало инвестиции вредни околу 18 милиони евра кои со години не биле евидентирани, а започнати се и активности за деблокирање на повеќе капитални проекти.

Компанијата посочува дека е раскинат договорот за ревитализација на далекуводот Скопје–Велес поради нефункционалност, додека интерконекторот со Албанија продолжува со нов изведувач. Дополнително, се воведуваат мерки за поголема финансиска дисциплина на пазарот на електрична енергија и зајакнување на сајбер-безбедноста.

Од МЕПСО најавуваат акциски план за спроведување на ревизорските препораки, нагласувајќи дека целта е компанијата да стане поефикасна, потранспарентна и поодговорна во управувањето со државниот имот и стратешките инвестиции.

Ревизорска бомба во МЕПСО: 59 далноводи без имотни листови, милиони евра во заглавени проекти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот