Борбата за ретките минерали ги зголемува злоупотребите на човековите права во Африка
Непрофитниот Центар за бизнис и човекови права со седиште во Лондон соопшти дека трката за експлоатација на клучните минерали потребни за транзицијата кон чиста енергија води кон зголемување на злоупотребите на човековите права поврзани со големи рударски проекти.
Препорачано
Во годишниот извештај „Transitional Minerals Tracker“ се наведува дека во текот на 2025 година имало 329 пријави за прекршувања низ целиот свет, што претставува зголемување од 73 проценти во споредба со 2024 година, објавува Ројтерс. Највисок раст е забележан во Африка, се истакнува во извештајот.
-Ова забрзување се случува во исто време кога глобалните сили го зголемуваат бројот на стратешки договори за минерали со африканските влади- рече Џозеф Кибугу, регионален менаџер за Африка во Центарот за бизнис и човекови права.
Според него, овие договори „честопати се преговараат со малку консултации со носителите на права и локалните заедници, а особено без обврзувачки гаранции за заштита на човековите права и животната средина“. Според извештајот, 100 наводи за кршење на човековите права поврзани со експлоатацијата на минерали важни за енергетската транзиција се регистрирани во Африка во 2025 година.
Само 10 големи меѓународни рударски компании се поврзани со половина од тие случаи. Најголемиот број апликации се однесуваат на две клучни рударски земји – Замбија, голем производител на бакар, и Демократска Република Конго (ДРК), која произведува околу три четвртини од светскиот кобалт.
Во извештајот се наведува дека постојат тврдења дека рударските компании во ДР Конго директно ја ангажирале полицијата и војската за да ја зајакнат сопствената безбедност.
-Војската работи тајно и на индустриски и на занаетчиски рударски локации. Парадоксално, војниците повикани да ги иселат занаетчиските рудари сега наводно се вклучени во нелегалното преземање на рударските концесии- се вели во извештајот.
Владата на ДР Конго минатиот месец објави формирање на нова паравоена единица за заштита на рудниците, за која тврдеше дека ќе биде финансирана од САД и Обединетите Арапски Емирати. САД негираа дека финансираат таква единица.
Организациите за заштита на човековите права предупредуваат дека новата паравоена формација би можела дополнително да ги влоши проблемите со грабежот на минералните ресурси и да доведе до насилно раселување на локалното население. Една локална организација изјави дека жителите на одредени области околу веќе милитаризираните рудници пријавуваат пукања, како и дека војниците поставуваат контролни пунктови каде што бараат мито.
Во Замбија минатиот февруари, пукна брана во рудникот за бакар „Сино-Металс Лич Замбија“, кога најмалку 50 милиони литри токсичен материјал влегоа во водотекот што се влева во реката Кафа, еден од најважните водни системи во земјата. Реката Кафу се користи за водоснабдување, риболов и наводнување. Заедниците погодени од излевањето поднесоа тужба против кинеската компанија „Сино Металс“, барајќи повеќе од 80 милијарди долари отштета и средства за санација.
Во тужбата учествува и Јужноафриканскиот центар за правна поддршка, невладина организација која го промовира владеењето на правото во регионот.
Америка и ЕУ склучија нов пакт за ретки минерали во обид да ѝ опонираат на Кина


