Кралицата Камила е клучот за помирувањето на принцот Хари со кралот Чарлс: „Без неа нема помирување“
Долгоочекуваната средба меѓу принцот Хари и кралот Чарлс вклучувала уште една важна личност – кралицата Камила.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кога Хари на 10 јули се сретнал со својот татко во Хајгроув Хаус, заедно со Меган Маркл и нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, Бакингемската палата потврдила дека на приватната семејна средба присуствувала и неговата маќеа, кралицата Камила. Средбата беше прва по четири години на која кралот Чарлс повторно ги видел Меган и своите внуци, кои живеат во Калифорнија.
Нејзиното присуство, според кралската авторка Кетрин Мајер, ја одразува едноставната реалност.
„Таа е неодминлив дел од животот на Чарлс. Нема помирување со него без неа“, изјави Мајер за магазинот „Пипл“.
Од Бакингемската палата соопштиле дека нема да бидат објавени фотографии од средбата, ниту детали за разговорите.
„Подобро е луѓето да не знаат ништо за овие средби. Треба да им се дозволи повторно да ги обноват тие семејни врски“, изјавил извор близок до семејството.
Во своите мемоари „Резерва“, објавени во 2023 година, принцот Хари пишуваше за сложените чувства што ги имал по бракот на својот татко со Камила во 2005 година. Тој тврдеше дека таа се обидувала да го подобри својот јавен имиџ и дека поради тоа пласирала приказни за него во медиумите.
„Имав сложени чувства поради тоа што добив маќеа, за која мислев дека неодамна ме жртвуваше на олтарот на сопствениот пи-ар“, напиша Хари во својата книга.
Подоцна, во интервју за „Добро утро Америка“ (Good Morning America), тој појасни дека смета оти Камила сакала да го подобри својот углед.
„Таа имаше углед и имиџ што сакаше да ги поправи. Какви и да биле разговорите, договорите или размените што се случиле на почетокот, била убедена дека тоа е најдобриот начин да го постигне тоа“, рече Хари.
Запрашан каков е нивниот однос денес, тој одговори:
„Не сме разговарале долго време. Го сакам секој член од моето семејство, и покрај разликите. Кога ќе се видиме, сме сосема љубезни еден кон друг. Таа ми е маќеа. Не ја гледам како зла маќеа. Ја гледам како личност која се омажи во оваа институција и направи сè што можеше за да го подобри својот углед и својот имиџ, заради самата себе.“
Семејната средба се одржа за време на престојот на принцот Хари во Велика Британија, каде што присуствуваше на неколку хуманитарни настани. Посетата, сепак, беше одбележана и со несогласувања со Бакингемската палата околу сместувањето, како и со неповолен судски исход, додека неговиот конфликт со братот, принцот Вилијам, останува нерешен.
„Имаше пресврти и промени на ставовите, што само дополнително ја зголеми фрустрацијата кај кралот и неговите советници кога станува збор за односите со Хари“, изјави кралскиот коментатор Расел Мајерс.
Иако поради безбедносни причини Меган и децата не биле со Хари за време на целата посета, тие допатувале во Велика Британија за семејната средба. Тоа беше нивно прво доаѓање во земјата од 2022 година.
„Една од необичностите на монархијата е тоа што сите сме охрабрени да заборавиме дека тие се човечки суштества, бидејќи ја претставуваат институцијата. Но, во суштина, тоа е само едно семејство – а ова семејство помина низ огромни превирања. Без разлика што мислите за монархијата, ова е момент што повеќето од нас сакаа да го видат“, заклучи Мајер.
Кралот Чарлс сепак не го откажува своето патување во САД поради пукањето


