Алек Болдвин / Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Алек Болдвин се прости од Сем Нил, па доби остри критики: „Наместо за него, зборуваше за себе“

Американскиот актер Алек Болдвин се соочи со критики на социјалните мрежи поради видеото што го објави по повод смртта на својот колега Сем Нил. Дел од обожавателите оценија дека наместо да му оддаде почит на актерот, Болдвин најголемиот дел од видеото го посветил на сопствените сеќавања од снимањето на филмот „Лов на Црвениот Октомври“ (The Hunt for Red October), објави „Пејџ сикс“.

Во речиси триминутното видео, Болдвин на почетокот накратко изразил жалење за смртта на Нил и се присетил дека филмот бил снимен во 1989 година, а премиерно прикажан во 1990 година.

Потоа, актерот зборувал за своето искуство од снимањето, истакнувајќи дека тоа била една од неговите први големи филмски улоги. Тој го пофалил режисерот Џон Мектирнан, се присетил на средбата со писателот Том Кленси и спомнал повеќе свои колеги од актерската екипа, меѓу кои Шон Конери, Тим Кари и Џејмс Ерл Џонс. Сем Нил, кој во филмот го толкуваше ликот на капетанот Василиј Бородин, повторно го спомнал дури на самиот крај од видеото.

„Тоа е еден од ретките филмови од кои се сеќавам на сè. Голем обожавател сум на тоа дело. Не на мојата работа, туку на нивната. Во секој случај… Сем Нил. Испраќам љубов до неговото семејство“, рекол Болдвин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)


Видеото предизвика бројни реакции на социјалната мрежа Икс. Дел од корисниците оценија дека актерот премногу зборувал за себе, а премалку за својот починат колега.

„Класичен Болдвин – сè мора да го сведе на себе, дури и кога треба да му оддаде почит на легендарен колега“, гласи еден од коментарите.

Други напишаа дека речиси целосно заборавил која е целта на видеото и дека дури во последните секунди повторно се навратил на Сем Нил.

Сепак, имаше и корисници кои застанаа во негова одбрана, оценувајќи дека видеото претставува искрен осврт на снимањето на филмот и дека Болдвин секогаш со почит зборува за луѓето со кои соработувал.

Компанијата за реквизити која ги набавила куршумите на сетот на филмот „’Рѓа“ го тужи Алек Болдвин: „Имаме шанса да кажеме што навистина се случило“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот