Сем Нил / Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Потврдена e причината за смртта на Сем Нил, ѕвездата на „Паркот Јура“

Потврдена е причината за смртта на актерот Сем Нил, кој почина на 79-годишна возраст во болница во Сиднеј.

Ѕвездата од „Паркот Јура“ и „Пики Блајндерс“ кој се бореше со рак со години, но во времето на смртта не страдаше од рак, почина од пневмонија, потврди неговиот агент.

Долгогодишниот агент на Нил, Филип Гренц, во четвртокот објави соопштение за причината за смртта, поради, „неточни информации и отворени лаги“ кои се проширија во медиумите, пренесува Би-би-си.

Нил во април објави дека е во ремисија откако неколку години претходно му беше дијагностициран не-Хочкинов лимфом, вид на рак на крвта.

– Како долгогодишен агент на Сем Нил, разговарав со неговото семејство и би сакал да разјаснам некои детали за неговите обожаватели. Сем почина од пневмонија. Претходно храбро се бореше и го победи лимфомот со нов третман наречен КАР-Т терапија. Гренц додаде дека Нил „снимил четири проекти по ред во текот на изминатата година, од кои сите ќе бидат објавени во наредните месеци – рекол Гренц.

Нил, кој е роден во Северна Ирска и израснат во Нов Зеланд, бил „многу затворен човек кој мразел бучава“, рекол Гренц.

Тој додаде дека неговото семејство „ќе му оддаде почит на приватна семејна комеморација на неговата фарма во Нов Зеланд, на датум што ќе биде утврден дополнително“.

– Би сакал да им се заблагодарам на оние што беа навистина блиски со Сем за почитувањето на неговата приватност со почитта што ја заслужуваше и што им е потребна на неговите најблиски во ова неверојатно тешко време – рекол Гренц.

Почина актерот Сем Нил, ѕвездата на филмовите „Паркот Јура“ и „Пијано“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот