Фото: Промо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Породилни пакети по специјални намалени цени

Само во Центарот за мајка и бебе породилни пакети по специјални намалени цени!

Центарот за мајка и бебе при Клиника „Жан Митрев“ обезбедува целосна грижа и посветеност за трудницата во текот на целата бременост, максимална безбедност и грижа во тек на породувањето, како и во постпородилниот период.

Пристапот кон трудницата се заснова на доверба, експертиза и внимателна комуникација со секоја бремена жена. Без разлика дали породувањето ќе биде по природен пат или оперативно со царски рез, сè се одвива со јасен план и континуирана поддршка.

Центарот е дизајниран и организиран да обезбеди пријатно чувство и максимална безбедност на трудницата и родилката во секое време.

Во рамките на Центарот се обезбедува и специјализирана неонатална грижа за новороденчињата, со руминг ин (rooming-in) престој заедно со мајката и можност за постојано присуство и едукација на родителите.

Кај новороденчиња што имаат потреба од повисок степен на надзор, достапна е интензивна неонатална нега и специјализиран медицински транспорт.

Од Клиника „Жан Митрев“ најавија пакети (за спонтано породување и за породување со царски рез) по намалени цени што важат до 1 октомври.

Спонтано породување

Редовна цена: 110.000 денари
Намалена цена: 90.000 денари

Породување со царски рез

Редовна цена: 150.000 денари
Намалена цена: 110.000 денари

Акцијата е наменета за сите трудници што ќе се породат во периодот до 1 октомври, како и за оние што ќе уплатат аванс до овој датум, без разлика кога е планирано породувањето.

Во Центарот за мајка и бебе, покрај специјалните цени, добивате и многубројни дополнителни поволности:
–  Можност за плаќање на рати до 48 месеци со 0 % камата преку наменски потрошувачки кредит од УНИ банка.
– Соработка со приватни здравствени осигурувања.
– Со уплатен аванс од 12.000 денари добивате бесплатни микробиолошки генитални брисеви, претпородилни анализи, кардиотокографија (CTG) и ултразвучни (ехо) прегледи по 36. гестациска недела.

Стручниот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. За повеќе информации и закажување термин јавете се на тел.  02/ 3091 484

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот