Кејти Холмс/Фото: Профимедиа

ФОТО | По бурниот развод од Том Круз, Кејти Холмс повторно е во врска, со девет години помлад

Кејти Холмс се чини дека повторно ја пронашла љубовта. Холивудската актерка била видена во друштво на њујоршкиот уметник Џејсон Бард Јармоски, со кого се држела за раце и цело време била насмеана. Заедно пристигнале на проекцијата на филмот „Поканата“ (The Invite) во Ист Хемптон, Њујорк, каде што не ја криеле својата блискост.

 

Во текот на вечерта биле многу опуштени и блиски, Џејсон ѝ шепотел на уво, ја смеел, а во еден момент Кејти ја потпрела главата на неговото рамо додека го гледале филмот. Иако засега не го коментирале својот однос, странските медиуми пишуваат дека ова е нејзино прво јавно појавување со нов партнер по раскинувањето со музичарот Боби Вутен Трети, со кого беше во врска во 2022 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elder Ordonez (@elderordonez1)

Џејсон е њујоршки сликар познат по делата што ги истражуваат темите на минливоста, сеќавањето и стареењето. Неговите дела се изложени во бројни американски галерии и музеи. Во последните години, Кејти се обидуваше да го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста. Откако во 2012 година се разведе од холивудскиот актер Том Круз, со кого ја доби ќерката Сури, познато е дека шест години беше во врска со актерот Џејми Фокс.

Да потсетиме, Кејти му беше трета сопруга на Том Круз, а ја запозна на аудиција за „Невозможна мисија“. Кејти своевремено рече дека тоа била љубов на прв поглед.

„Веднаш знаев дека ќе бидеме заедно, дека ќе се венчаме“, рече своевремено таа.

Набрзо започнаa врска, а не им пречело ниту тоа што Круз бил 16 години постар. Круз  ѝ предложил брак по само осум недели врска. Запросувањето се случи на врвот на Ајфеловата кула во Париз, каде што двојката беше на вечера.

На почетокот на октомври 2005 година, двојката објави дека очекува дете, а во 2006 година се роди малата Сури.

Во ноември 2006 година се венчаа во Италија, свадбената прослава беше во замокот Одескалки, за која наводно потрошиле три милиони долари за церемонијата.

Шест години подоцна, двојката се разведе, а Кејти го добила старателството над Сури, која сега има 20 години. Том Круз не ја видел својата ќерка повеќе од 10 години.

 

ФОТО | Една од најсаканите телевизиски двојки: Кејти Холмс и Џошуа Џексон повторно љубовен пар пред камерите по 22 години

Со тешко срце се прости од својот Досон: Кејти Холмс со емотивна порака за Џејмс Ван Дер Бик

ФОТО | Кејти Холмс за својот 47 роденден објави фотографија од детството: Дали би ја препознале?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот