Кејти Холмс - Фото: Профимедиа

ФОТО | Кејти Холмс за својот 47 роденден објави фотографија од детството: Дали би ја препознале?

Популарната актерка и омилена трендсетерка Кејти Холмс  за својот роденден објави фотографија која ги израдува следбениците. Холмс ретко зборува за своето детство, иако во јавниот свет е уште како тинејџерка, па затоа изненади многумина.

Таа порасна пред камерите и со текот на годините изгради успешна кариера, сепак дел од нејзините обожаватели можеби никогаш немале прилика да видат како изгледала славната актерка како дете, па токму затоа за својот 47 роденден сподели една навистина интересна фотографија на својот Инстаграм.

На истата таа носи ригест комбинезон под кој се гледа долче вита, има и класични шишки, какви сите девојчиња носеле барем еднаш  во детството.

„Благодарам на моето прекрасно семејство и пријатели за прекрасните роденденски желби. Безмерно сум благодарна за изминатата година исполнета со креативност, радост и љубов. Благодарам на сите“, напиша актерката покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Holmes (@katieholmes)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот