ФОТО | Зендaја доби остри критики бидејќи носеше обетки со древни златни артефакти
Зендаја предизвика бурни реакции по појавувањето на премиерата на филмот „Одисеја“ (The Odyssey) во Лондон, каде што носеше впечатливи обетки изработени од древни златни артефакти, чија старост се проценува меѓу 2.000 и 3.000 години.
Препорачано
Актерката на црвениот тепих се појави со накит создаден од лондонскиот златар Глен Спиро. Обетките се дел од колекцијата „Материјали од стариот свет“ и комбинираат автентични антички златни дискови со модерен дизајн од 18-каратно жолто злато и дијаманти. Денес тие се дел од приватната колекција на „Барон Лондон“.
Додека дел од јавноста го пофали нејзиниот моден избор, археолози и експерти за културно наследство предупредија дека користењето на автентични историски артефакти како моден накит отвора сериозни етички прашања.
Археологот Анелиз Бер на социјалните мрежи напиша дека е „опседната“ со обетките, но нејзината колешка, позната како д-р З, остро го критикуваше нивното носење.
Според неа, најголемиот проблем е што не е познато потеклото на артефактите, ниту начинот на кој тие завршиле во приватна колекција.
„Освен тоа, не знаеме ништо за нивното потекло, односно за патот од земјата од која потекнуваат, а најверојатно станува збор за Иран“, изјавила таа.

Таа додала дека колекцијата на Глен Спиро содржи автентични предмети од Блискиот Исток, како и од северна и западна Африка, поради што смета дека ваквите артефакти не треба да се претвораат во луксузен моден додаток.
Д-р З смета дека ваквата практика го претвора културното наследство во статусен симбол достапен само за богатите и дека наместо оригинални историски предмети треба да се користат верни реплики.
Таа, исто така, го критикуваше романтизирањето на „ловот на богатства“ и егзотичните земји во промоцијата на вакви колекции, оценувајќи дека тоа испраќа погрешна порака за вредноста и заштитата на археолошкото наследство.
Зендаја досега не се огласи по повод критиките.
Инаку, актерката присуствуваше на премиерата на новиот филм „Одисеја“ на режисерот Кристофер Нолан, кој во кината пристигнува на 17 јули. Во филмот, инспириран од епот на Хомер, Зендаја игра заедно со Том Холанд и бројни холивудски ѕвезди.
ВИДЕО | Том Холанд го поправи новинарот: „Зендаја не ми е девојка, таа ми е свршеница“


