Антонела Рокуцо и Викторија Бекам / Фото: Инстаграм/Антонела Рокуцо

ФОТО | Сопругата на Меси покажа што значи безвременска елеганција на отворањето на новиот бутик на Викторија Бекам

Додека Лионел Меси со аргентинската репрезентација се подготвува за полуфиналето на Светското првенство против Англија, неговата сопруга Антонела Рокуцо накратко го замени фудбалот со модата.

Таа присуствуваше на ексклузивниот настан што Викторија Бекам го организираше по повод отворањето на својот нов привремен бутик „Хаус оф Викторија“ во луксузниот трговски центар „Бал Харбор Шопс“ во Мајами.

Антонела за оваа пригода избра елегантен црн фустан кој ја истакна нејзината фигура, а пред продавницата позираше заедно со британската модна дизајнерка.

Антонела Рокуцо / Фото: Инстаграм/Антонела Рокуцо

Викторија Бекам, пак, на отворањето на својот прв самостоен привремен бутик во Соединетите Американски Држави се појави во сатенски фустан во боја на шампањ, со дискретен сјај. На настанот присуствуваа бројни познати личности од светот на модата и забавата.

Викторија Бекам / Фото: Инстаграм/Викторија Бекам

По завршувањето на вечерта, Бекам објави фотографии на социјалните мрежи и им се заблагодари на гостите што го поддржале нејзиниот нов проект.

„Голема благодарност до сите што дојдоа да го прослават со нас отворањето на нашиот простор во ‘Бал Харбор Шопс’. Каква неверојатна вечер“, напиша таа.

Викторија и Дејвид Бекам / Фото: Инстаграм/Викторија Бекам

Фотографии од настанот сподели и Антонела, која на Инстаграм ја следат повеќе од 40 милиони корисници.

„Го славиме новиот дом на Викторија Бекам во Мајами. Ти посакувам сè најдобро“, напиша Рокуцо, а Викторија ѝ одговори: „Ти благодарам што беше со мене на прославата“.

Антонела Рокуцо и Викторија Бекам / Фото: Инстаграм/Антонела Рокуцо

Во коментарите следуваа бројни комплименти за изгледот на Антонела, а нејзините следбеници ја опишаа како елегантна и прекрасна.

Семејствата Бекам и Меси се зближија откако аргентинскиот фудбалер во 2023 година пристигна во Интер Мајами. Дејвид Бекам, кој е еден од сопствениците на клубот, имаше важна улога во неговиот трансфер во американската МЛС-лига.

Оттогаш, двете семејства често се појавуваат заедно на натпревари, приватни прослави и хуманитарни настани во Мајами.

ФОТО | Сопругата на Меси му испрати емотивна порака откако Аргентинецот испиша историја на Светско

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот