По две години најдени убијците на лекарот Трповски, кој беше избоден во Железара — жената го намамила, а мажот го убил со нож
Mаж на возраст од 65 години е осомничен дека во март, пред две години го убил матичниот лекар Ацо Трповски, а неговата сопруга го намамила и ги бришела трагите. Скопското обвинителство бара притвор за двајцата, откако заедно со МВР обезбедиле докази дека токму мажот му нанел девет убоди со нож во градите, а потоа заедно со сопругата го преместиле телото.
Препорачано
-Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починал. Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале – соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Трповски беше најден починат во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара. За убиството беа приведени, па ослободени неколкумина осоничени, а првично беше соопштено дека убиството не било поврзано со неговата професија.

Трповски неколку години работел како управител и доктор со азиланти. Најголем дел од неговиот работен век го поминал како доктор по општа медицина.
Докторот во Железара не бил убиен поради лекарската професија, приведени се тројца осомничени


