Фото: Беким Сали/Фејсбук

Беким Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска учествуваше на пленарната сесија на самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина, информираат од Министерството за европски прашања (МЕП).

Во своето обраќање Сали истакнал дека Македонија останува цврсто посветена на поддршката на Украина потврдувајќи ја и својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право.

Тој нагласил дека нашата држава од самиот почеток на руската агресија обезбедува политичка, хуманитарна, воена и техничка поддршка за Украина и ќе продолжи да го прави тоа во тесна координација со Европската Унија и евроатлантските партнери.

Фото: Беким Сали/Фејсбук

Осврнувајќи се на значењето на самитот, Сали истакнал дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и пообединета Европа.

Во однос на европската интеграција, министерот Сали потенцирал дека како земја кандидат со долгогодишно искуство во пристапниот процес, Македонија е подготвена да ги сподели своите искуства, експертиза и институционални капацитети со Украина на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.

Тој посочил и дека меморандумот за соработка меѓу институциите на двете земји претставува значајна основа за понатамошно продлабочување на партнерството и развој на конкретна соработка во поддршка на европската интеграција на Украина.

На крајот, министерот Сали повторил дека Македонија ќе остане сигурен партнер и силен поддржувач на Украина во нејзините напори за мир, безбедност и членство во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот