Фото: Pexels/ Grape Things

Брисел со список до Вашингтон — бара укинување на царините за вино, сирење и медицинска опрема

Европската комисија подготви список со стотици европски производи за кои бара од САД да бидат ослободени од царината од 15 проценти, во рамки на трговските преговори меѓу Брисел и Вашингтон. Предлогот, во кој увид имал „Еуроактив“, опфаќа широк спектар производи – од познатите европски сирења „рокфор“ и „пекорино“, до индустриски роботи, земјоделска механизација и медицинска опрема.

Од Европската комисија наведуваат дека Европската Унија веќе ги исполнила своите обврски од договорот постигнат во Тарнбери, Шкотска, со укинување на царините за стотици американски индустриски и земјоделско-прехранбени производи од 1 јули. Сега Брисел очекува Вашингтон да возврати со намалување на царинските давачки за клучни европски производи.

На листата се наоѓаат вино, пиво, ракија, маслиново масло, маслинки, тестенини, тартуфи, печурки, сувомеснати производи, како и одредени видови риба, меѓу кои туна, чаден лосос, октопод. Предлогот вклучува и индустриска опрема, машини за производство на полупроводници, електрична опрема, хемиски производи и бројни медицински помагала, како хируршки конци, завои, дијагностички комплети и опрема за операциони сали.

Според претставникот на Европската комисија за трговија, Матијас Јергенсен, предложената листа опфаќа извоз во вредност од околу 150 милијарди евра. Тој нагласи дека е рано да се прогнозира исходот од разговорите, но порача дека Комисијата ќе продолжи интензивно да преговара со американската страна.

Вашингтон претходно одбиваше да разговара за исклучоци по производи сè додека ЕУ целосно не го имплементира договорот од Тарнбери. Европската комисија, пак, остава можност листата дополнително да се прошири или измени во текот на преговорите.

ЕЦБ: Повеќе од половина од потрошувачите во Еврозоната купуваат преку кинески онлајн платформи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот