Марјан Ристески / фото: Фејсбук

Ристески: Ќе се проверуваат маржите, ќе реагираме ако има нереално зголемување

Владата ќе преземе мерки доколку анализите покажат дека одредени трговци неосновано ги зголемиле маржите на производите, најави заменик-министерот за економија Марјан Ристески. Тој посочи дека прво ќе следуваат разговори со компаниите за да се утврдат причините за евентуалните зголемувања, а доколку се утврди дека нема реално оправдување, институциите ќе реагираат со соодветни мерки.

-Онаму каде што ќе потврдиме дека има повисоки маржи, првин ќе разговараме со субјектите и ќе видиме која е причината за зголемувањето. Ако утврдиме дека тоа не е основано, ќе преземеме одредени мерки – конкретно кон нив или пошироки мерки- изјави Ристески.

Тој нагласи дека Владата не планира директно ограничување на цените, туку смета дека пазарните механизми треба да имаат главна улога во формирањето на цените.

-Работиме во услови на пазарна економија. Понудата и побарувачката треба да ги регулираат цените, но таму каде што нема пазарна логика во зголемувањето на цените и маржите, ќе реагираме- рече заменик-министерот.

Според него, целта е да се спречи создавање дополнителни профити на сметка на граѓаните, особено во услови на економска и енергетска криза.

Ристески додаде дека Министерството постојано комуницира со трговците, производителите, увозниците и стопанските комори, а сите податоци од Пазарниот инспекторат се анализираат заедно со Владата.

-Имаме една од најниските инфлации во регионот и со мерките што ги спроведовме успеавме да го заштитиме животниот стандард колку што е можно повеќе, без да нанесеме штета на приватниот сектор и економијата- истакна тој.

Заменик-министерот вели дека граѓаните најдиректно ги чувствуваат крајните цени во продавниците, но посочи дека економските политики мора да бидат внимателно балансирани за да се зачува и куповната моќ на населението и стабилноста на стопанството.

Ацо Ристов ја презеде функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот