Грозје/ Фото: МИА

Колку ќе се плаќа за килограм „вранец“ и „смедеревка“ во годинашната берба?

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во кавадаречкото село Сопот ги соопшти откупните цени за најзастапените сорти винско грозје. Според најавата, килограм „вранец“ ќе се откупува по цена од 21,8 денари, додека за „смедеревка“ е утврдена цена од 20 денари за килограм.

Серафимовски објасни дека цените се формирани врз основа на производната цена на грозјето, зголемена за 25 проценти. Во пресметката биле вклучени сите трошоци поврзани со производството – агротехнички мерки, заштита на насадите, прихрана, работна сила, механизација, репроматеријали, како и фиксни и варијабилни трошоци. Производната цена ја пресметал Земјоделскиот институт – Скопје, кој преку теренски истражувања, анкети и анализа на трошоците кај лозарските стопанства изготвил проценка за двете најзастапени вински сорти.

-Производната цена е утврдена врз основа на реални податоци од терен и репрезентативен примерок на лозарски стопанства, со што се обезбедуваат објективност, стручност и транспарентност во процесот – изјави Серафимовски.

Министерот порача дека институциите остануваат посветени на спроведување на законските процедури и создавање фер и предвидливи услови за лозарите и винарската индустрија.

Годинава се очекува 25 отсто зголемен род грозје и повисоки откупни цени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот