Годинава се очекува 25 отсто зголемен род грозје и повисоки откупни цени
Зголемување од 25 проценти род во однос на лани, односно берба од над 100 милиони килограми грозје се очекувањата за оваа година. Цената за откуп на смедеревката за реколта 2025 година е 18,90 денари, а за вранецот 21,30 денари, истакна министерот за економија, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Препорачано
„Тоа е еден сериозен прогрес затоа што сериозен акцент се вложи во водостопанството, меѓутоа апсолутно работиме во делот на подигање на новите насади. Знаете дека Министерството преку мерки помага и субвенционира подигање нови лозови насади и со самата навремена исплата на субвенциите доволен стимул да ги зголемуваме површините, меѓутоа и да работиме на квантитетот. Она што Министерството го спроведе согласно законот е истакнувањето на производната цена зголемена за 25 проценти истакната од винарските визби. Практично за неколку дена од денес ќе почне бербата на најголемите, односно најзастапените вински сорти, иако на другите таа веќе е во тек, рече Трипуновски.
Тој нагласи дека се работи на зголемување на квантитетот на производство на грозје, а со самото тоа се очекува и извозот да биде уште поголем во наредниот период.


