Фото: МИА

По ребалансот на буџетот ќе се исплатат 1,3 милијарди денари субвенции

Со ребалансот на Буџетот се предвидени 1,3 милијарди денари за исплата на субвенции, а средствата ќе почнат да се реализираат веднаш по неговото усвојување, најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа. Одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, Хоџа ги повика пратениците да го поддржат ребалансот, истакнувајќи дека со него се обезбедуваат средства за исплата на обврските кон земјоделците.

-По изгласувањето на ребалансот ќе бидат исплатени околу 1,3 милијарди денари. Средствата се однесуваат на субвенции за предадено млеко, регистрирани говеда, како и за други редовни плаќања кон земјоделците – рече Хоџа.

На прашањето на пратеникот Борислав Крмов за проблемите со откупот на млекото во Пијанечко-Малешевскиот Регион, заменик-министерот информираше дека Министерството веќе разговарало со млекарниците и компаниите што вршат откуп. Според него, постигнат е предлог за решение што треба да овозможи подобар пласман на млекото, вклучително и продажба на странски пазари, а во подготовка е и план поврзан со откупната цена, за кој јавноста ќе биде информирана наскоро.

Хоџа нагласи дека Агенцијата за храна и ветеринарство редовно врши контроли и постапува согласно законските прописи во случаи на неправилности во квалитетот или декларациите на производите. Тој најави и дека од понеделник повторно ќе биде отворен системот за аплицирање за субвенции за 2026 година, откако е извршена надградба на софтверот.

-Изработен е помодерен систем, а во петок ќе се одржи обука за вработените во регионалните единици. Од понеделник земјоделците ќе можат непречено да поднесуваат барања за субвенции- изјави Хоџа.

Во однос на концесиите за ловиштата, тој истакна дека се преземаат мерки за подобро управување со природните ресурси, при што се потпишани нови договори за 13 ловни региони, а инспекциските служби постапуваат по сите претставки доставени од граѓаните.

Ем богати, ем умни и Словенците купуваат земја и инвестираат во производство на храна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот