Тетово / Фото: dandarmkd / Wikimedia Commons / CC BY-SA 4.0

Улиците во Тетово нема да носат југословенски, туку имиња на луѓе од македонската историја, велат од општинската работна група

Работната група за преименување на улиците во Општина Тетово вчера, вторник 14 јули одржала втора седница на која се утврдени листа на предложени имиња. Биле определени 74 имиња на улици, пренесува Тетовоинфо.

„Од Скендербег, Мајка Тереза и Браќата Фрашери, до Кадаре и Миѓени, тоа се новите имиња што ќе бидат поставени на улиците на Тетово. Исто така, вклучени се личности што оставија неизбришлива трага во културниот, образовниот и спортскиот живот на Тетово, како писателите Мурат Исаку и Абдулазис Ислами, диригентот Гани Јахја и фудбалерот Хаќим Мемеди. Улиците каде што живеат нашите сограѓани Македонци веќе нема да носат југословенски имиња, туку имиња на фигури од македонската историја и култура, како Крсте Петков Мисирков и други“, изјави Алби Ќамили, претседател на Работната група.

ДУИ во понеделникот предложи предлог-одлука за преименување улици на 15-тата седница на Советот, која беше прифатена за разледување. Но откако советниците на ДУИ ја напуштија седницата револтирани што не е ставена како прва точка од дневен ред, на крај од седницата мнозинството советници ја отрфлија предлог точката.

Сево ова се случува откако пред еден месец, Уставниот суд, по иницијатива на Сојузот на борците, ја укина Одлуката на Општина Тетово за преименување на повеќе улици во градот, донесена во далечната 2007 година од локалната власт под тогашна контрола на ДУИ.

ДУИ предложи нови имиња на улиците во Тетово, Сојузот на Борците остро реагира: Промовирање на фашизмот и сецесионистички аспирации

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот