МВР објави фотографија по фаќањето на Цуна

ВМРО-ДПМНЕ: Со апсењето на Цуна паѓаат во вода обвинувањата на СДСМ за Тошковски

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави акцијата на полицијата и приведувањето на наркодилерот Александар Лазаров – Цуна, кој по четири дена беше фатен во Скопја, а воедно побараа од опозициската СДСМ да се извинат.

„МВР покажува високо ниво на професионално постапување и бескомпромисна борба против криминалот, при што постапува подеднакво кон секој кој се огрешил пред законот. Со приведувањето на Цуна, паднаа во вода обвинувањата на СДС дека Панче Тошковски сакал да го пушти на слобода. Впрочем, оваа е уште една во низата лаги на СДС кои им се распрснуваат како меур од сапуница, за што, како по навика, им е виновен Тошковски од кого, за што и да се случува во државата, бараат оставка“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, „за ваквото свесно лажење и манипулирање на пошироката јавноста, од опозициската СДС треба да се извинат“.

„Од друга страна, се поставува прашањето, дали со своите лаги, манипулации и смутови СДС сакаа да му помогнат на бегалецот?“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, четири дена траеше потрагата по осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров-Цуна, кој им избега на полицајци во Кочани низ прозорец од полициската станица, па потоа тој синоќа беше уапсен во Скопје.

Откако Цуна го изведе бегството, а тоа предизвика силни реакции во јавноста на сметка на полицијата, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница. Од тоа се навестуваше дека имало информација оти тој избегал во странство, но сепак беше пронајден во Скопје.

Осомничен за дрога им избега од станица на полицајците во Кочани, преку прозорец

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот