Потерница за Александар Лазаров викан Цуната, фото МВР
Потерница за Александар Лазаров викан Цуната, фото МВР

МВР распиша потерница за Александар Лазаров – Цуната, кој им избега на полицајците низ прозорец во полициската станица Кочани

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров со прекар „Цуната“, којшто им избега на полициските службеници викендов додека беше на распит во ПС Кочани, во врска со кривично дело неовластено производство, преработка, продажба на дрога. Тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Осомничен за дрога им избега од станица на полицајците во Кочани, преку прозорец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот