Фото: Слободен печат

Од полноќ нов ценовен удар: Дизелот поскапува 5,5 денари, бензините за 1,5 денари

Возачите од утре ќе плаќаат поскапо гориво. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои ќе стапат на сила од ноќеска на полноќ. Најголемо поскапување има кај дизелот. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 5,5 денари за литар, па новата цена ќе изнесува 88 денари за литар.

Бензините исто така поскапуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 87 денари за литар, што е зголемување од 1,5 денар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 89 денари за литар. Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена се зголемува за 4,5 денари и ќе изнесува 86 денари за литар.

Кај мазутот М-1 НС е утврдено зголемување од 0,938 денари за килограм, со што новата цена ќе биде 42,168 денари за килограм. Од РКЕ информираат дека корекцијата е направена поради растот на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, особено кај дизелот, како и поради промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

Од Комисијата потсетуваат дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да продаваат и по пониски цени.

Колку чини горивото во Европа сега?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот