Цените на нафтата пораснаа за повеќе од четири проценти
Цените на нафтата пораснаа за повеќе од четири проценти во понеделник, бидејќи снабдувањето со енергија преку Ормускиот Теснец останува загрозено, а САД и Иран најавија обновени воени напади. Суровата нафта Брент порасна за 3,10 долари, или 4,08%, на 79,11 долари, додека американската сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар порасна за 2,95 долари, или 4,11%, на 74,36 долари за барел- објави Ројтерс.
Препорачано
Американските сили завршија уште еден бран напади врз Иран во неделата, погодувајќи десетици цели на повеќе локации со прецизна муниција, соопшти Централната команда. Иранската револуционерна гарда во понеделник објави дека нападнала американски воени бази во Кувајт и Бахреин. Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Ормутскиот теснец е отворен за комерцијален сообраќај, иако Иран претходно изјави дека го затворил теснецот откако бил нападнат брод што пловел по неовластена рута.
Околу 20% од светската нафта и течен природен гас поминале низ теснецот пред почетокот на војната на крајот на февруари. Шест бродови поминале низ теснецот во неделата, покажаа податоците за следење на бродовите од Kpler, што е најмал број за пет недели. Ескалацијата на нападите дополнително фрла сомнеж врз иднината на привремениот договор меѓу САД и Иран потпишан минатиот месец, кој имаше за цел повторно отворање на теснецот и завршување на војната по дополнителни 60 дена преговори.
Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во својот месечен извештај од петокот изјави дека по договорот, глобалната понуда на нафта се зголемила за 4,1 милиони барели дневно во јуни, но останала 9,4 милиони барели дневно под нивоата пред војната. Аналитичарот на пазарот на ИГ, Тони Сикамор, изјави дека релативно благиот пораст на цените на нафтата сугерира дека пазарот го зазема ставот дека сегашното затегнување претставува ескалација во рамките на кревко примирје и е далеку од целосно пропаѓање на примирјето.
„Останува да се види колку е вистинит тој став“, рече тој.
Американски сенатор: Ако договорот пропадне, Трамп ќе го преземе Ормускиот Теснец и ќе наплаќа


