Aлександар Сорлот/EPA/SHAWN THEW

ФОТО | Напаѓачот на Норвешка добива смртни закани затоа што не му додаде на Халанд

По поразот од Англија во четвртфиналето на Светското првенство и елиминацијата на Норвешка, напаѓачот Александар Сорлот се најде на удар на навивачите и доби бројни навредливи и заканувачки пораки преку социјалните мрежи.

Дел од пораките ги објави неговата партнерка Лена Селнес, откривајќи ја суровата страна на навивачките реакции по поразот. Меѓу нив имало и повици Сорлот да изврши самоубиство, како и пораки во кои се бара од него да ја напушти Норвешка.

„Светското првенство носи многу радост, но и многу омраза. Не сакав да им посветувам внимание на ваквите работи, но по ваквите коментари почувствував дека морам да реагирам. Се надевам дека луѓето ќе размислат двапати пред да напишат вакви пораки, без разлика на ситуацијата“, порача Селнес.

Голем дел од навивачите го обвинуваат Сорлот за елиминацијата, сметајќи дека натпреварот можел да добие поинаков тек. Сорлот при резултат 1-0 за Норвешка во првото полувреме тргна во контра во која го имаше Халанд слободен на спротивната страна, меѓутоа се одлучи сам да завршува и не реализираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот