Лина Ѓорческа/Wimbledon.com

ИНТЕРВЈУ | Лина Ѓорческа: Нема време за одмор, интензивно се подготвувам за турнири во Италија и за УС Опен

„Уживав играјќи на вимблдонската трева, без разлика на исходот“, вели во интервју за „Слободен печат“ тенисерката Лина Ѓорческа. Иако свесна за силната противничка, како што вели, Аманда Анисимова не ја обесхрабрила и горда е како ја претставила Македонија на овој натпревар.

Откако спласнаа емоциите по големиот настап, направивме кус разговор со Ѓорческа за тоа какви се нејзините впечатоци откако слегнаа емооциите и што прави периодов.

Лина, какво беше чувството да се гази на вимблдонската трева?

-Мислам дека најголемо достигнување за еден тенисер е Вимблдон. Не случајно Вимблдон се нарекува и неофицијално светско првенство во тенис . Целата негова традиција, тревата, ние сите во бело, има посебна убавина и е привилегија да си дел од тоа.

Откако спласнаа импресиите, сега со ладна глава, како би го опишала мечот против Анисимова?

-Сега по мечот знам кои работи би можела да ги променам и да ги поправам своите грешки. Но таа е една од најнезгодните противнички во светот на трева и како за прв пат на Вимблдон, мислам дека и повеќе од достоинствено ја претставив Македонија.

Искрено, какви беа твоите очекувања? Со какви мисли играше? Дали самиот влез на Вимблдон го доживеа како твој личен најголем успех или веруваше дека можеш да ја совладаш протиничката?

-Знам дека среќата во жребот не беше на моја страна, меѓутоа моја единствена цел беше да си ја играм својата игра и да уживам на теренот како што правев и во квалификациите.

Што правиш периодов?

Нема време за одмор, се подготвуваме за турнири во Италија, кои почнуваат веќе од наредната недела и потоа во август се префрламе на бетон и подготовки за последниот гренд слем годинава, Ус Опен.

Ѓорческа загуби, но доби пофалби од Анисимова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот