Фото: РК Пролет

Еден од најстарите македонски ракометни клубови се откажа од настап во Суперлигата

Еден од најстарите и најпрепознатливи македонски ракометни клубови, Пролет, од следната сезона нема да биде дел од Суперлигата. Од клубот официјално соопштија дека по истекот на соработката со долгогодишниот генерален спонзор донеле тешка, но неопходна одлука да се преселат во Првата лига.

Во соопштението се нагласува дека ваквиот чекор е резултат на темелна анализа на финансиската состојба, со цел да се зачува стабилноста на клубот. Од Пролет велат дека не сакале да преземат обврски кои не би можеле целосно и навреме да ги исполнат, оценувајќи дека ова е најодговорното решение во моменталните услови.

И покрај разделбата со елитното натпреварување, од клубот порачуваат дека остануваат доследни на својата долгогодишна определба, создавање и развој на млади ракометари, како и продолжување на традицијата што трае веќе 64 години.

Во претстојната сезона Пролет ќе настапува во Првата лига, а раководството како главна цел ја поставува пронаоѓањето нов генерален спонзор, кој би овозможил клубот повторно да се врати меѓу најдобрите македонски ракометни екипи.

Соопштението од тимот на Пролет можете да го прочитате – ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот