Фото: Équipe de France de Football

Познато кој ќе го суди првото полуфинале на Светското првенство

Судискиот комитет на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го одреди судискиот тим за првото полуфинале на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Главен судија на големиот дуел меѓу Шпанија и Франција, кој ќе се одигра на 14 јули, ќе биде Иван Бартон од Ел Салвадор.

За 35-годишниот арбитар ова ќе биде четврти натпревар на актуелниот Мундијал. Претходно ја делеше правдата на дуелите Турција – Парагвај и Јапонија – Шведска во групната фаза, како и на осминафиналната пресметка меѓу Швајцарија и Колумбија.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Четири репрезентации, две места во финалето — кој ќе игра за светскиот трофеј?

Бартон веќе има искуство од најголемата светска фудбалска сцена. На Светското првенство во 2022 година судеше три натпревари, а со новиот настап во полуфиналето ќе стане судијата со најмногу натпревари во главна улога од Централна Америка во историјата на Мундијалите.

Салвадорецот е познат како арбитар кој не се двоуми да носи строги одлуки во клучни моменти. Во досегашната кариера има судено повеќе од 300 официјални натпревари, при што покажал над 1.400 жолти картони и 86 директни црвени картони.

Суперкомпјутерот пресмета, Аргентина има најмалку шанси за светска титула

Бартон привлече внимание и со примената на новото правило поврзано со недозволена комуникација на теренот. Тој беше првиот судија кој го санкционираше таканаречениот „говор со покриена уста“, откако го испрати Парагваецот Мигел Алмирон во соблекувалната поради прекршување на правилото.

Пред него сега е нов голем предизвик – полуфиналето меѓу Шпанија и Франција, натпревар во кој секоја судиска одлука може да има огромно влијание врз патот кон големото финале на Светското првенство.

На 100 натпревари имаше над 6,5 милиони навивачи на стадионите на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот