Тибо Куртоа/фото: EPA-EFE/Dmitry Lovetsky

Фудбалски скандал ја тресе Белгија: Куртоа бил здрав, а неговата замена ги чинеше полуфинале

Белгија сè уште не може да се помири со елиминацијата од Светското првенство, а новите информации околу Тибо Куртоа предизвикаа вистинска бура во јавноста.

Искусниот голман го напушти четвртфиналниот дуел со Шпанија дваесетина минути пред крајот поради наводна повреда. На негово место влезе резервниот чувар на мрежата Сене Ламенс, кој киксна во финишот, дозволувајќи му на Микел Мерино да го постигне победничкиот гол за Шпанија и пласман во полуфиналето.

Сепак, по враќањето во Мадрид, деталните медицински прегледи покажале дека Куртоа нема никаква повреда и е целосно подготвен за настап. Според шпанските медиуми, голманот сакал да остане на теренот, но селекторот Руди Гарсија одлучил да го замени од претпазливост.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Шпанија против Франција – битка на две фудбалски филозофии за место во финалето

Токму оваа одлука предизвика бројни реакции во Белгија, каде што многумина сметаат дека замената директно влијаела врз елиминацијата на националниот тим.

Незадоволен од случувањата, Куртоа донел радикална одлука – ќе паузира една година од настапите за белгиската репрезентација. Тој нема да биде на располагање за натпреварите во Лигата на нации, а враќање во националниот тим планира дури со почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Во меѓувреме, 33-годишниот голман целосно ќе се посвети на клупските обврски во Реал Мадрид, каде што се очекува да ја започне подготовката за новата сезона кон крајот на јули. Со 115 настапи за Белгија, Куртоа останува една од најголемите легенди на националниот тим, но неговата репрезентативна кариера засега е ставена во мирување.

Де ла Фуенте: Мора да бидеме внимателни, да не правиме грешки против Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот