Леброн Џејм/EPA-EFE/ALLISON DINNER

Леброн Џејмс е сè поблиску до нов клуб – пет НБА гиганти се во трка за неговиот потпис

Леброн Џејмс е на чекор до една од најважните одлуки во својата легендарна кариера. Според НБА инсајдерот Шамс Чаранија, четирикратниот шампион ги има речиси сите информации што му се потребни за да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

„Секој ден Леброн е сè поблиску до конечната одлука. Најголемиот дел од информациите веќе се собрани и дојде време да пресече“, изјави Чаранија во емисијата „NBA Today“ на „ESPN“.

Откако ги извести Лос Анџелес Лејкерс дека нема да настапува за клубот во сезоната 2026/27, започна жестока трка за неговиот потпис.

Според Чаранија, пет екипи се издвојуваат како главни фаворити: Кливленд Кавалирс, Мајами Хит, Голден Стејт Вориорс, Филаделфија  и Минесота Тимбервулвс.

Во процесот се вклучени генерални менаџери, претседатели на клубови и сопственици, кои постојано комуницираат со агентот на Леброн, Рич Пол.

Покрај челниците на клубовите, во убедувањето активно учествуваат и НБА ѕвезди. Стеф Кари јавно призна дека сака да игра со Леброн и потврди дека разговарале во текот на летото, додека Дрејмонд Грин откри дека лично се обидел да го убеди да се пресели во Голден Стејт.

Чаранија претходно објави дека заинтересираните клубови дури испраќале и гласовни пораки преку Рич Пол како дел од својата кампања за привлекување на Џејмс.

Шампионската титула е приоритет

Најважниот критериум за Леброн нема да биде финансискиот договор.

„Ова дефинитивно нема да биде одлука водена од парите“, нагласи Чаранија.

Наместо тоа, 41-годишниот ветеран бара тим што ќе има реални шанси да се бори за шампионската титула, но и средина во која ќе се чувствува среќно и ќе може позитивно да влијае врз тимот.

Неговиот агент Рич Пол претходно објасни дека одлуката ќе биде донесена врз основа на таканаречената „кофа на среќата“ – комбинација од можност за освојување титула, квалитетни односи во тимот, начин на живот и целокупната атмосфера во клубот.

Минатата сезона Леброн одигра 60 натпревари за Лејкерс, со просек од 20,9 поени, 7,2 асистенции и 6,1 скок, а следната сезона треба да стане првиот кошаркар во историјата што ќе настапи во 24 НБА сезони.

Како Леброн му го расипал денот на Остин Ривс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот