Килијан Мбапе/EPA/GREG M. COOPER

Светското првенство ги промени работите за „Златната топка“, тројца фудбалери се најголеми фаворити

По одиграните натпревари на Светското првенство дојде до промени во трката за најпрестижното индивидуално признание во светскиот фудбал, „Златната топка“.

Хари Кејн на Мундијалот пристигна како прв фаворит за освојување на наградата, откако зад себе има извонредна сезона во која постигна 74 гола, што претставува втор најдобар голгетерски учинок во историјата, веднаш зад рекордната сезона на Лионел Меси од 2012 година.

Сепак, според најновите анализи, англискиот капитен повеќе не е на врвот на листата фаворити. Таа позиција сега му припаѓа на Килијан Мбапе, кој продолжува да импресионира со настапите за Франција на Светското првенство.

Актуелните проценки му даваат на Мбапе 32 проценти шанси да ја освои „Златната топка“, додека Кејн е веднаш зад него со 29 проценти. Во голема мера, исходот ќе зависи од тоа која репрезентација ќе ја освои светската титула. Доколку Франција стане шампион, Мбапе ќе биде најсериозен кандидат за признанието, а ако Англија стигне до трофејот, тогаш Кејн ќе биде во најповолна позиција.

Во конкуренција останува и Лионел Меси, кој според анализите е трет фаворит со 13 проценти шанси. За да ја освои својата осма „Златна топка“, аргентинскиот ас ќе треба да продолжи со одличните игри и да ја предводи Аргентина до нова светска титула.

Сепак, аналитичарите сметаат дека ниту такво сценарио не му гарантира триумф, бидејќи Меси настапува во американската МЛС лига, која се смета за помалку конкурентна во споредба со најсилните европски шампионати.

Аргентина ќе игра во темно син дрес против Англија, потсетник на славната 1986 година

Гвардиола може побрзо од очекуваното да се врати на работа и тоа како селектор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот