Фото: ФК Вардар

Вардар ќе биде ослабен утре против Купс

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а пред македонскиот шампион е тешка задача да ја надополни негативата од 2:0 по поразот во Скопје.

Во пресрет на натпреварот, тренерот Гоце Фабијани порача дека најважно е неговиот тим да покаже поинаков менталитет во однос на првата средба.

„Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот меч до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Најголема предност на КуПС е што се во натпреварувачки ритам, имаат повеќе мечеви од нас и тоа го гледам само како плус за нив. Ние нема очајнички да влеземе во овој натпревар и безглаво да бркаме резултат. Сакам да видам еден организиран Вардар на теренот кој ќе се бори за секоја топка и педа на теренот. Сакам ред и дисциплина, сѐ да биде плански и постепено“, изјави Фабијани.

Но, ќе има Вардар проблеми и со ростерот бидејќи повредени се двајца фудбалери.

Ќе ги немаме во тимот Торес и Босанчиќ, но на тоа не смееме да гледаме како хендикеп, туку целиот тим очекувам да се бори да ги надополни нив. Сите играчи кои се во ростерот мора да сфатат дека нема прва и втора екипа, туку секој што ќе добие шанса, да даде максимум затоа што го носи дресот на Вардар.

Реваншот меѓу Купс и Вардар ќе се игра утре со почеток од 17 часот, а директен телевизиски пренос ќе има на „Арена Спорт Македонија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот