Високи затворски казни за двајца членови на Беланоца, за убиствата на Орхан Бајрами-Оки и на пејачот Амар Исмани
Двајца членови на криминалната група Беланоца денеска се осудени на 20 и на 11 години затвор за злосторничко здружување поврзано со убиството на 39-годишниот Орхан Бајрами – Оки, лидер на спротиставената нарко-банда Дуќанџик/Грчец, како и за убиството на 29-годишниот млад блогер и пејач Амар Исмани кој загина на „Пластичарска“, објави „Телма“.
Препорачано
Оки беше ликвидиран во јули 2023 година додека бил на одмор во Ханиоти Грција, кога маскирани лица од возило во движење го застрелале приближувајќи се до апартманот во кој бил сместен и пукајќи низ прозорец. Еден ден пред убиството на Орхан Бајрами на Халкидики, тоа беше најавено на платформата „Тик-Ток“ од профил кој подоцна беше избришан. На објавата пишуваше дека тој е следен на листата за ликвидација, а потоа и дека работата е завршена. На истиот профил претходно беа најавувани и други ликвидации.
Пејачот и блогер Амар Исмани пак загина во пукање на улицата „Пластичарска“ во Скопје во мај 2024 година. Тој им подлегна на повредите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје откако претходно беше застрелан
Денеска на казна затвор од 4 години е осудено и трето лице од Беланоца, за кривичното дело изнуда.
Уште во тек е судењето за лидерот на Беланоца, Фатљум Ајети Тоти, како и други членови на неговата банда кои се гонат за најмалку 8 убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани, палење објекти и автомобили, пишува „Телма“.


