Фото: МВР

Охридската и поградечката полиција заедно ќе ја пазат границата од шумски пожари

Со цел унапредување на соработката во превенирањето на шумските пожари, полицајци од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ денеска се сретнале со нивни колеги од Поградец, информира МВР.

На средбата биле договорени „координирани превентивни безбедносни мерки“, за да се подигне јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор.

Според договорот, ќе има заеднички полициски патроли низ шумските појаси околу граничниот и пограничниот појас за време на летната туристичка сезона, интензивни контакти за размена на информации за потенцијални ризици и креирање на директни меѓусебни информациски канали за побрза и поефикасна комуникација при евентуална појава на пожари на шумските појаси, како основа за итно известување за евентуално настанат пожар, што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење, велат од МВР.

Македонски и српски полицајци заедно ќе патролираат во Охрид до крајот на август

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот