Заеднички патроли на македонски и српски полицајци во Охрид / Фото: СВР Охрид

Српски полицајци ќе патролираат во Охрид до крајот на август

Српски полицајци од утре, па сè до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција ќе патролираат низ Охрид во рамки на заедничките активности за време на летната туристичка сезона.

Одлуката ја соопшти СВР Охрид, по работен состанок со македонското министерство за внатрешни работи и со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

„Заедничките мешовити патроли ќе придонесат за зголемена безбедност на граѓаните како и на српските туристи кои во голем број ги поминуваат своите годишни одмори во Охрид. Во текот на патролите, српските полицајци ќе постапуваат во согласност со националното законодавство на РСМ, нема да носат оружје и ќе даваат поддршка на македонските полициски службеници. Српските полицајци, пред утрешното официјалното отпочнување со работа, беа информирани со одредбите од македонските закони за внатрешни работи и за полиција“, се наведува во соопштението.

Македонски полицајци летово ќе патролираат во Албанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот