Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Македонски полицајци летово ќе патролираат во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“.

Директорот на Одделот за јавен ред и безбедност во Државната полиција, Димитрак Зиу, изјави дека засилени мерки ќе бидат преземени долж крајбрежјето и на главните патни правци, со цел одржување на јавниот ред и спречување инциденти во текот на летото.

„Покрај зголеменото присуство на полициски службеници, ќе бидат поставени и неколку привремени полициски станици во Валбона, во Тет, во Коман, во Тале, во Заливот Лалзи и во Ксамил. Ова се однесува и на планинскиот туризам, а не само на крајбрежниот туризам“, изјави Зиу.

За да се обезбеди безбедна и мирна туристичка сезона за туристите, полицијата ќе соработува и со полициски служби од соседните земји.

„Меѓународната полициска соработка во текот на летото ќе ги опфати Косово, Црна Гора, Италија и Македонија. Полициски службеници од Државната полиција се испраќаат на заеднички патроли, а полициски единици од овие земји исто така доаѓаат во нашата земја“, рече тој.

Во текот на туристичката сезона, на патиштата ќе бидат ангажирани радарски системи и најсовремена технологија за следење на движењето на возилата, со цел да се спречат прекршувања на сообраќајните прописи кои можат да доведат до сообраќајни несреќи.

Протестите во Албанија ги исплашија туристите, се откажуваат резервации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот