Фото: СДСМ

Генералниот секретар на Владата е бугарски државјанин со фирма во Ќустендил, обвинува СДСМ

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев е бугарски државјанин и е поврзан со фирма во Ќустендил чија дејност е „патен линиски превоз на стока“, обвини опозициската СДСМ повикувајќи се на документи објавени во бугарски медиуми.

-Генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште Ќустендил. Како што стои во овие документи дејноста е „патен линиски превоз на стока“, управител е Кире Гешоски а има и трет партнер – Сашо Апостоловски. Инаку сите од кругот на Мицкоски. Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра и нето добивка под 10.000 евра – незначително во споредба со прометот – изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес – конференција.

Фото: СДСМ
Фото: СДСМ

Таа побара надлежните институции да отворат предмет со оглед на тоа што Јанушев во анкетните листови поднесени во Државната комисија за спречување на корупцијата нема наведено дека е поврзан со фирма во Бугарија и не пријавил бугарски капитал.

 

Голема полициска акција во Скопје – запленети се многу пари, приведени се лихвари и бизнисмени

– Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија. Додека неговите луѓе имаат фирми и прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница. Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани. Дали сега Игор Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија? Дали Мицкоски ќе одговори на тврдењата дека заедно со Лимани присвоиле 13 хидроцентрали? – рече Кузеска.

Левица: Јанушев ќе ги плаќа партиските митинзи со тендер од милион евра

Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата кои ги објави прво бугарската „Фондација Македонија“ рече дека „прв пат слуша за такво нешто“.

-Прв пат слушам за такво нешто. Инаку фондации и секакви глупости по нивните портали, ќе прочитате за сите нас. Сега ние, не може за секоја глупост нивна да ја коментираме. Дајте да зборуваме за конструктивни работи . Да најдеме начин како да го решиме прашањето. За глупости, измислици и пишувања на нивни портали, сега ние да се занимаваме со тоа, немаме намера – рече Мицкоски.

Од ВМРО – ДПМНЕ тврдат дека Јанушев никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско и не остварил приход од фирмата во Бугарија.

-А ако веќе држат прес-конференции на темава, тогаш претседателот на СДС, Филипче, нека одговори неговите неколку компании регистрирани во Бугарија, во Петрич на улица Гоце Делчев број 12 , што точно работат и од каде е профитот. Математиката на СДС е да не работат ништо додека се во опозиција и само да ја дезинформираат јавноста, а преку додворување на странски власти да се обидат да дојдат некако на власт – велат од владејачката партија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот