Златко Перински, фото: принтскрин од видео на Влада

„Тоа е исклучиво политички инает“ – Перински го впери прстот кон опозицијата зошто не е изгласан Законот за локална самоуправа

Тоа што засега не се изгласани предлог-измени на Законот за локална самоуправа во македонско Собрание е исклучиво политички инает, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој денеска повторно го пофали ова предлог-законско решение, посочувајќи дека додека тој е на оваа позиција – нема намера да го повлече.

Перински смета дека со овој предлог се зголемува нивото на локалната демократија и, како што кажа, „претставува еден реформски процес кој што ќе донесе подобро пред сѐ за граѓаните, а потоа и за општинските администрации и секако градоначалниците“.

Според Перински, кога се подготвувале предлог-измените на Законот за локална самоуправа, имало консултативен процес од околу осум месеци, како и четири регионални отворени средби со сите чинители засегнати од материјата.

„И јас преземав обврска, оние предлог-измени на Законот за локална самоуправа, иако немав обврска тоа да го сторам, да ги презентирам во рамки на Собранието пред сите координатори на политички партии во рамки на Собранието. Притоа, сите амандмани кои што беа поднесени од опозицијата, а кои што беа апликативни во еден системски закон, од наша страна беа прифатени. Што значи дека ние не сакавме да го присвоиме ова ново законско решение, туку напротив, процесот го отворивме максимално транспарентно за да ги слушнеме сите мислења и се она што е апликативно да биде имплементирано во во ова ново предлог-законско решение. ​За жал, мислам дека не станува тука збор за суштина, туку станува збор исклучиво за политички инает“, рече Перински.

СДСМ е против измени на Законот за локална самоуправа

По денешниот отчет, министерот од новинарите беше прашан дали сите општини ги реализираат проектите што добија пари од заемот од Унгарија, на што одговори дека „проектите имаат соодветна динамика“.

„Во првиот јавен повик, од 288 проекти, 229 се целосно завршени, што значи дека е многу соодветна динамиката на имплементација на проектите на терен. Само една општина ќе ја повтори постапката за јавна набавка, затоа што мислам дека не се избра изведувач. ​Во вториот јавен повик, од 828 проекти, веќе 217 проекти се во завршна фаза. Или кумулативно, еве ќе се обидам да бидам максимално прецизен, од сите проекти, 1116 на број, 446 проекти се целосно завршени, 417 проекти се во фаза на реализација, 148 проекти секој ден се очекува да се воведат од работа бидејќи веќе имаат склучено договори. Остануваат само 40 проекти од овие 1116 проекти коишто во периодот што следи очекуваме да добијат јавна набавка“, посочи Перински.

Од унгарскиот кредит за општините најмногу пари ќе се потрошат за подобрување на патиштата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот