Фото: Принтскрин/Н1

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Убиство среде бел ден во Белград – напаѓачот прво се поздрави со жртвата

Четириесет и шестгодишниот Дарко Весковиќ, познат како Прика, е убиен денеска околу 16 часот во кафуле во белградската населба Кумодраж, а уште едно лице е тешко рането, пренесе Н1.

Според српските медиуми, напаѓачот по пукањето избегал, а полицијата започнала потрага. На местото на настанот биле присутни голем број полицајци и форензичари.

Медиумите објавија дека напаѓачот претходно се поздравил со Весковиќ, а потоа пукал во него. Потоа испукал повеќе куршуми кон уште еден маж кој седел на истата маса.

Весковиќ претходно бил суден за убиство на Блаж Ѓуровиќ, извршено во 2018 година во Белград.

Крвава кавга во Србија – син пукал во родителите, па ја исекол мајка си со мачета и ја клоцал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот